Овој четврток во 20 часот ќе се одржи петтиот концерт „Филхармонија за Филхармонија“ од серијата камерни настапи на музичарите од оркестарот на Филхармонија. На програмата се дела од Бородин, Рота, Шостакович, Бах, Игудесман, Феранте, Бетовен и  традиционална клецмер музика.

На овој концерт ќе настапат Гудачки квартет “Lumos” (Љубица Делева Поповска – виолинаЃорѓина Ивановска – виолинаАлександар Лаовски – виола и Љупка Каевиќ – виолончело), Енис Аљи (виолончело) и Александра Чуруковска  (контрабас),  Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова – Христов  (пијано), дуото виолини Анна Кондратенко и Бојан ИлкоскиКамерниот ансамбл „Консонанс“ (Маја Чанаќевиќ – англиски рогЗдравко Ангелов – кларинетИгор Бакревски – кларинетЉупчо Чедомирски – кларинет и Сашко Темелковски – бас кларинет) и квартетот „Филхармонија“ (Анна Кондратенко – виолинаБојан Илкоски – виолинаБојан Талески – виола и Марија Михајловска – виолончело).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.