Вработените во Македонска филхармонија денеска протестираа пред зградата на Владата, бидејќи, како што велат, се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјата.

Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но, од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту пак се заложија за промена на штетната одлука.”

Протестите продолжуваат и нема да запрат се додека државата не ја промени одлуката “привремено” да смести уште една институција во објектот на Филхармонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.