Пет филмови за деца и млади од поновата европска продукција од денеска ќе се прикажуваат во киното „Манаки“ во Битола во рамките на „Неделата на детски филмови“.
Програмата почнува денеска во 11 часот со проекција на филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша“, синхронизиран на македонски јазик и продолжува до 8 јули со секојдневни проекции.
„Неверојатната приказна за џиновската круша“ е базиран на истоимената популарна книга за деца од Јакоб Мартин Стрид и е приказна за две другарчиња – слонот Себастијан и мачката Мичо кои се впуштаат во морска авантура за да го спасат исчезнатиот градоначалник Џи Би, кому еден ден мистериозно му се губи трагата. Тие го совладуваат морето со нивната џиновска круша и во текот на нивната авантура ќе налетаат на пирати, змејови и чудни духови.
Утре во 11 часот ќе се прикажува детската авантура „Кариран нинџа“, исто така синхронизиран на македонски јазик. На програмата до 8 јули се и „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“, а и повторно „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и „Кариран нинџа“ со синхронизација на албански јазик. Влезот за проекциите е слободен.
„Недела на детски филмови“ е во организација на дистрибутерската куќа Узенгија во рамките на програмата на годинешното издание на „Бит-фест 2022“.
Програма:
– „Неверојатната приказна за џиновската круша “
04.07.2022 11:00 часот – синхронизација на македонски јазик
07.07.2022 13:00 часот – синхронизација на албански јазик
– „Кариран нинџа“
05.07.2022 11:00 часот – синхронизација на македонски јазик
08.07.2022 13:00 часот – синхронизација на албански јазик
– „Хакер“
06.07.2022 11:00 часот – синхронизација на македонски јазик
– „Патешествието на принцот“
07.07.2022 11:00 часот
– „Мираи“
08.07.2022 11:00 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.