Во ноември го одбележуваме отворањето на Europe House Скопје; местото кое промовира креативност и иновативност, како и демократски вредности меѓу младите. Поводот е одбележан преку низа настани организирани во текот на ноември и оддавање почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964). Активностите – организирани заедно со Националната галерија – имаат за цел да ангажираат разновидна публика. Дел од нив ќе се одржат во Куќата-музеј на Лазар Личеноски, соопштија од ЕУ хаус.
Програмата на настани вклучува отворен повик за млади дигитални уметници (на возраст од 18-35 години) поканети да ја понудат својата визија за следење на познатиот мозаик на отворено „Апотеоза на трудот“ на Лазар Личеноски кој ја прикажува еволуцијата на човештвото. Мозаикот го велича трудот кој е главниот фокус на претстојната Европска година на вештини во 2023 година.
По отворениот повик ќе следи изложба на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 9 ноември од 12:00 до 14:00 часот во Куќата-музеј на Личеновски. Изложбата ќе остане отворена за јавноста од 12:00 до 14:00 часот секој вторник и четврток од 15-30 ноември.
Видеото со современ танц во изведба на Андријана Данчевска и Дејан Битровски, снимено во Куќата-музеј на Личеновски, ќе биде промовирано онлајн од страна на Europe House Скопје. Кореографијата на танцот се темели на џез композицијата „Фрагменти“ од групата Зулу 3.4, која неодамна доби награда за „Најдобри млади џез музичари“ на годишниот Скопски џез фестивал.
На 17 ноември, во Europe House во Скопје ќе се одржи ликовна работилница за деца во организација на Националната галерија.
На 23 ноември роденденската програма ќе заврши со започнување на низата #Разговори за културата во Europe House во Скопје со учество на претставници од владините институции, млади експерти од област на темата и Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија. Настанот насловен „Мисли напред – затоа што културата е важна“ има за цел да ја подигне свеста и вниманието за актуелните предизвици и можностите во културниот домен. На настанот ќе ѝ се оддаде почит на Вјоса Бериша (1972-2022), поранешна директорка на Europe House.
Низата настани по повод одбележувањето на третиот роденден на Europe House започна на 4 ноември со презентација на ентериерниот и екстериерниот дизајн на новите Europe House што ќе бидат отворени низ целата земја во текот на 2023 година. На презентацијата присуствуваа градоначалниците, претставници на општините и Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Во наредните недели ќе организираме неколку настани со учество на младите за да го одбележиме животот и делото на Лазар Личеноски, еден од најистакнатите сликари во историјата на државата. Поголемиот дел од овие настани ќе се одржат во Куќата-музеј на Лазар Личеноски со оддавање почит на неговото непроценливо уметничко дело и подигање на свеста за важноста од негувањето на културното наследство“, рече амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Дејвид Гир на настанот организиран на 4 ноември.
Целосната програма на настаните прочитајте ја овде: https://euhouse.mk/3rd-europe-house-birthday/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.