Во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ во Скопје од денеска ќе биде отворена изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes”.

За ова издание на изложбата беше објавен отворен повик, при што стручното жири ги одбра брендовите и дизајнери – „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине.

Како што е најавија од македонскиот моден бренд „Лудус“, изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина.

Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Исто така, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно, соопштија од „Лудус“.

Изложбата ќе биде отворен до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.