Игор Дурловски објави реакција на нападите од СДСМ за тоа што македонската Опера и Балет остана без струја.

Во врска со обидите СДСМ повторно да најде изговор за сопствената неспособност и неможноста на нивните кадри ни сметките за струја да ги платат, а не па да направат програма каква што имаше во мојот краток мандат 2016/17, сакам да посочам дека секој понатамошен обид за моја лична дискредитација, кога се предмет на потсмев поради вселенската неспособност, ќе заврши како операта и балетот под нивно раководство – во мрак!!!

 

А, доколку ги интересира работењето од 2011 до 2016, советувам генералниот директор на МОБ Васо Ристов за истото да си го праша сегашниот уметнички раководител, назначен лично од него, кој ја извршуваше функцијата генерален директор во посочениот период.

 

Без почит, со уште едно потсетување како изгледа МОБ кога има светлина и воедно порака до сите вљубеници во уметноста дека светлината ќе се врати! – се наведува во реакцијата на Дурловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.