Добрата стара музика од поранешната држава се чини никогаш нема да се заборави.
Ако оригиналните изведувачи не се живи или престанале да свират тука се проектите кои ќе не потсетат дека музиката не знае за политика и граници.
Македонската филхармонија беше полна со посетители од средната и постарата генарција кои уживаа во звуците од Сараево и проектот „Има нека тајна веза“. Песни од Бело Дугме, Здравко Чолиќ, Хари Мата Хари, Индекси, Амбасадори, Валетнино, Плави Оркестар, Дивље Јагоде, Црвена Јабука изведуваа солистите Аида Мушановиќ Арсиќ , Нермин Пушкар, Марко Кутлиќ , Роберт Чолина,Агни Авшар и нашиот Лозано.
Па така, „Бацила је све низ реку“, „Све че тоа мила моја“, „Једне зиме“, Заувјек твој“, „Дирлија, „Доџи у пет до пет“ „Зеница блу“звучеа поинаку и одлично. Публиката пееше заедно со солистите како да се на рок концерт а ги врати и на бис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.