Вечерва уникатен концерт на Македонска Филхармонија – „Има нека тајна веза – made in Sarajevo”

Музика 04.03.2023 / 19:07

Music Time претставува, уникатен концерт на Македонска Филхармонија – „Има нека тајна веза – made in Sarajevo”

На 04.03.2023 во Филхармонија – Скопје со почеток од 20 часот,  во изведба на Македонската Филхармонија ќе биде претставен уникатниот балкански проект,  „Има нека тајна веза -made in Sarajevo“.

Под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, овој фантастичен проект продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува  безвременските хитови на најголемите музички звезди од Сараево: Индекси, Бијело Дугме, Здравко Чолиќ, Амбасадори, Тешка Индустрија, Кемал Монтено и многу други!

Како вокални солисти ќе настапат дел од најголемите балкански звезди:

Аида Мушановиќ Арсиќ , Нермин Пушкар – (БиХ),

Марко Кутлиќ , Роберт Чолина – (ХР)

Влатко Лозаноски ЛОЗАНО, Агни Авшар – (MK)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести