Драмски театар Скопје, со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, в среда ќе учествува на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“, кое се одржува од 12.7. до 20.8.2022 година.

Претставата, работена според романот на Марк Хадон својата премиера ја имаше на крај на претходната година. Режијата е на Зоја Бузалковска, асистент на режија е Димче Николовски, драматургија на Александра Бошковска, сценографија на Константин Трпеноски, а асистент на сценографија е Марија Мукоска.

Костимографија е на Елена Вангеловска и Раде Василев, музиката е на Давид Ангелевски, кореографијата и free running техника на Симон Симоновски, а 3D Mapping видеодизајн на Osama Almughanni.

Улогите ги толкуваат: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.