Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е поканет да биде дел од ексклузивниот маркет на ДОК програмата во рамки на Меѓународниот фестивал за документарни и анимирани филмови, што се одржува во Лајпцинг, Германија од 17-23 октомври, 2022 година.
„Љубовната соба“, е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд Филм и Видео.
„Љубовната соба“ ќе учествува и на 35. издание на Меѓународниот документарен филмски фестивал во Амстердам во периодот од 10 до 14 ноември, во официјалната програма на IDFA Академијата 2022, каде ќе има и можност лично да го презентира филмот на IDFA Академијата, а во насока на негова натамошна промоција. Сузана Диневски ќе биде дел од групата од стотина филмски режисери и продуценти, чијшто избор е направен врз основа на нивниот профил, мотивација и работен опус.
Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Македонија Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.