Фондациите Отворено општество – Западен Балкан организираат проекција на документарецот „20 дена во Мариупол”, добитник на „Оскар“ за документарен филм во 2024 година, информираат организаторите на настанот.

Документарецот ќе може да се погледне вечер од 21 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарен филм е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината. Филмот е на Мстислав Чернов, носител на „Пулицерова награда“ од 2023 година и претседател на Украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиејтедпрес“ и „Фронтлајн“, се наведува во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.