Кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев” ги додели наградите за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022″. Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски.  За најдобра сценографија беше наградена Илина Ангеловска а за најдобра костимографија Кирил Наумов. Најдобра актерка е Горица Поповиќ а најдобар актер Димитар Ѓорѓиевски. Најдобра претстава е кумановската „Секс и лаги”.

Награди во форма на плакета по оценка на стручното жири добија српската актерка Горица Поповиќ од Атеље 212 – Белград, за најдобар актер беше прогласен Димитар Ѓорѓиевски од Театар Прилеп.

„Кумановската публика умее да препознае добра комедија и добра претстава“, изјави Ѓорѓеивски по примањето на наградата.

Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Коле Ангеловски за (режија за претставата „Паника во хотел Палас”) Театар Струмица.

„Јас сум еден од оновачите на фестивалот и од вкупно 25 години постоење јас сум учествувал со претстави дваесет години“, рече Ангеловски.

Наградата за најдобра сценографија ја доби Илина Ангеловска за сценографијата во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки” од прилепскиот театар а за најдобра костимографија – Кирил Наумов за претставата „Службогонци” од Драматичен Театар Ловеч, Република Бугарија.

Најдобра претстава е кумановската „Секс и лаги”.

Претседателката на жирито Магдалена Ризова Черних кажа дека наградите се заслужени особено оние на младите актери од кумановскиот театар за кои рече дека публиката го препознала нивниот талент.

Директорот на установата, Сашо Тодоровски истакна дека фестивалот од ревијален премина во фестивал со натпреварувачки карактер што му дава дополнителна димензија.

На манифестацијата беа доделени и јубилејни награди за вработените во Центарот за култура и Театар Куманово, по повод патронатот на установата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.