Од 15 октомври до 15 ноември, традиционално се одбележува Месецот на книгата. Во овој период  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид која е од отворен тип секојдневно бележи посети на ученици од основните и средни училишта.

Вработените во Библиотеката исцрпно ги информираат со дејноста на библиотеката и процесот на доаѓање на книгата во рацете на читателите а тие имаат можност бесплатно да ја разгледаат оваа установа.

Библиотеката по повод Месецот на книгата од утре – 10 до 16 ноември – во работните денови организира Саем на книгата. Во Месецот на книгата од библиотеката ви предлагаат за роденден и за многу други убави поводи да купите и подарите книга.

На саемот ве чека разновидна литература од домашни и странски автори. Книгите се на македонски, албански, турски и англиски јазик.

Книги од едицијата 130 тома македонска книжевност по цена од само 157 денари примерок.

Книги од едицијата Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа ( различна цена по примерок ).

Ѕвездите на светската книжевност – различна цена по примерок

Доколку на некој Ваш гостин, пријател или деловен партнер сакате да го израдувате и изненадите со книга од познат македонски автор преведена на англиски јазик од едицијата 130 тома македонска книжевност го имаме и тоа. Цената по примерок е 473 денари, соопштуваат од библиотеката.

Саемот ќе биде отворен во четврток и петок ,а потоа од понеделник до среда во терминот од 10.00 до 18.00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.