Во Чифте амам денеска на свеченото отворање на изложбата, Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри во Скопје ја одликуваше Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија,  со признанието – орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, соработка во различни области и продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, а на предлог на италијанскиот министер за надворешни работи.

„Ordine della Stella d’Italia“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“, а од 2011 го носи новото име.

Дита Старова Ќерими (1984) е академски сликар, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, а во моментов е директорка на Националната галерија, која со бројните врвни изложби ја раздвижи културната сцена дома и ја врати публиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.