Утре, на 25 март, во 20 часот на сцената на Драмски театар Скопје ќе се изведе претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд. „Семејство“ е дипломска претстава на студентите на ФДУ во класа на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески.
Со ова, театарот ја продолжува традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги студенти и дипломци на Факултерот за драмски уметности.
Претставата со мотото „Семејствата се добри затвори“ на интересен начин ни ги пренесува семејните релации. Освен на академската сцена на ФДУ, со оваа претстава младите актери гостуваа на МТФ „Војдан Чернодрински“, а во најава се и неколку нови гостувања на сцените на македонските театри.
Играат: Мартин Ѓоргоски, Сара Спиркоска, Лазар Христов, Ања Митиќ, Леонардо Лазов, Анастасија Величковиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска и Јана Вељановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.