Во понеделник, 29 јануари 2024 година, со почеток во 18:00 часот во НУЦК Трајко Прокопиев во Куманово, ќе биде прикажана детска комедија за сите возрасти „Далматинко“.

Претставата ја упатува пораката дека сите деца на овој свет се исти и сите сме заедно како едно. Низ многу комични ситуации кои се случуваат во домот на Далматинко заедно со кученцето Тошко и тетка Светле, децата ќе уживаат во поучна претстава со многу хумор, музика и интеракција.

 

Играат:
Магдалена Ризова- Черних
Сашо Ристовски
Бранко Атанасов

Автор и режија: Сашо Ристовски
Сценографија: Диди
Изработка на костим – Далматинко : Раде Василев
Избор на костими: Диди
Билетите се продаваат на билетара во Центар за култура Куманово.
Продукција: Театар ХИТ Скопје 2024



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.