Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје – 2023“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, на 23.11.2023 (четврток) во 12:00 часот во фоаје на Национална Опера и Балет ќе се одржи доделување на наградите за новинарите кои што учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“ и доделување на наградите за учениците што учествуваа на јазичната работилница , која се одржа по повод празникот ослободувањето на Скопје, на 13.11.2023 година во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Наградите ќе ги доделува проф.д-р Елена Јованова-Грујовска директор на институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.