Сите извештаи на „Банана филм“ се законски. И самата Агенција за филм го потврди тоа, оти ги прифатила, реагираат од „Банана филм“ на соопштението на Агенцијата за филм.
Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 04.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм“. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи!
Измислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл.
Повторно ги повикуваме институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење (вклучувајќи и одмазда кон укажувач) во своите редови, се вели во демантот на „Банана филм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.