Првпат во Македонија изложува Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата насловена „Доаѓаме со поклон“. Изложбата е во соработка на Националната галерија „Чифте Амам“ и КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ.
На изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, низ кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Низ разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата.
Шејла Камериќ (Сараево, 1976) живее и работи во Берлин, Истра и Сараево. Студирала на Уметничката Академја во Сараево. Се занимава со теми што произлегуваат од нелинеарни историски наративи и лични приказни. Камериќ се фокусира на политиката на сеќавањето, облиците на отпор во човековиот живот и на особеностите со кои резултира борбата на жените.
Некои од нејзините скорешни соло изложби се следниве: 2022: Kunsthaus Дрезден Robotron Kantine, Дрезден; 2021:КРАК Центар за современа култура, Бихаќ; Здружение Realstage, Сараево; 2018: Fondazione Adolfo Pini, Милано; Кибла, Mарибор и GAK Gesellschaft für Aktuelle Kunst, Бремен; 2015: ARTER Простор за уметност, Истанбул; Национална галерија на Косово, Приштина; 2014: Воен Театар, Сараево; 2012: Центар за современа уметност, Вилнус; Музеј за современа уметност, Белград; MSUM Mузеј за современа уметност, Љубљана; Sharjah Art Foundation, Sharjah Art Museum – мартовска средба, Шарџа; 2010: MACBA, Барселона; Röda Sten, Гетеборг; Prospectif Cinema, Центар Помпиду, Париз.
Групни изложби (избор): 2022: Manifesta 14, Косово; TATE Modern, Лондон; Kunstmuseum Волфсберг; Kühlhaus Берлин, MOCAK Mузеј за современа уметност, Краков; 2021: Национална галерија – Палатата, Софија; Нова Третјаковска галерија, Moсква; Mузеј на современа уметност, Sкопје; Уралско биенале, Eкатеринбург; 2020: Museum Kunstpalast, Дизелдорф; Boros Foundation, Берлин; Музеј Лудвиг, Будимпешта, Будимпешта; Museum für moderne Kunst, Бремен; 2019: The Phillips Collection, Вашингтон; Carré d’Art – Mузеј на современа уметност, Ним; Музеј на совемена уметност Вроцлав, Вроцлав; Kunsthalle Дармштат; Weserburg | Mузеј за модерна уметност, Бремен; Второ Биенале на современата уметност Ковентри; 2018: Haus der Geschichte Австрија, Виена; Belvedere 21, Виена; Mузеј на современа уметност Загреб; 2017: Fondazione Nicola Trussardi, Милано; 2016: Hannah Ryggen Triennal, Tрондхајм; Times Museum, Гуангжу, Кина; Национален музеј на современа уметност, Букурешт; 2015: P21, Лондон; Wellcome Collection, Лондон; 2014: Kunstverein Hamburg, Хамбург; Aвстриски културен форум Њујорк (ACFNY), Њујорк; 2013: Tokyo Metropolitan Museum of Photography, Токио; 2012: Квангџу Биенале, Квангџу; Музеј на модерна уметност на Истанбул, Истанбул; Moderna Museet, Стокхолм; Биенале во Маракеш, Maракеш.
За нејзиниот концепт, љубовта кон уметноста, пораките и најновото дело „Доаѓаме со поклон“ со кое се претставува пред македонската публика, разговаравме пред отворањето на изложбата.
Претставувањето на делото „Доаѓаме со поклон“ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Кажете ни нешто повеќе за тоа?
Во суштина станува збор за патријархалниот поглед на жената итаа реченица би требало да звучи као нешто необично, но тоа во суштина е мошне присутна работа затоа што жените низ сексуализацијата се објект за идентификација доста долго се набљудуваат како нешто сосема друго во однос на мажите. Така што стои во најавата дека жените се гледааат како вештерки и / или предмети се вклопува во тој предмет како термин. Сакам да кажам дека тоа не е ништо невообичаено, само што во ова дело се прикажува на еден мошне фигуративен начин. Би додала уште нешто што е поврзано со називот на делото „We come with a bow“ што беше предизвик и да се преведе затоа што „bow“ на англиски јазик не значи само панделка, туку и поклон, како подарок, но и како наклон. Всушност во тоа повеќезначно се наоѓа и клучот на однесувањето и третирањето на жената, и тоа како жената мора и како е насочена да се однесува.
Дали ова дело е специјално создадено за изложбата во Скопје?
На изложбата се претставени дела кои настанале во изминативе години. Да бидам попрецизна најстарото дело од оваа изложба се фотографии од 2001 година, но тие се во ново издание од 2021 година, потоа дело од 2014 годин, но она што е поврзувачко за сите нив е проектот кој се нарекува „Мајката е кучка“ кој е создаден оваа година и за прв пат беше покажан во март во Белград. Всушност од таа изложба ја направивме оваа и додадовме нови дела. Интересно е да се каже дека на оваа изложба за прв пат е изложено делото кое се нарекува „Градина со рози“, тоа овие да ги наречеме завеси со решетки и рози и тое се премиерно во Чифте амам во Скопје. Овде се и делата како овие големи плетени мрежи кои публиката можеше да ги види и во приштина на Биеналето, и делото по кое изложбата го носи името- сега е во некое ново издание како инсталација.
Изложбата ќе продолжи да патува, во поголем формат ќе биде прикажана во Подгорица на пролет.
Многу од делата нè потсетуваат на предмети од домаќинството и на типично „женски“ рутини: плетење, ткаење, работа низ градината; да се биде мајка; па дури и „да се биде“ подарок, подарен некому (затоа, доаѓаме со поклон)…Која е метафората?
Не сакам да говорам на тој начин бидејќи секое дело говори нешто друго на оној кој го гледа. Не би го интерпретирала делото. Мислам дека е добро делата да поставуваат прашања и сметам дека тие тоа го прават, а сепак на еден доста директен начин упатуваат на она со што јас се занимавам, она што мене ме допира и што на крајот е мошне битен дискурс во времето и просторот.
Ова последното дело кое го содржи изложбата можеби содржи некој вид на метафора во себе, ондосно тие завеси се меки, транспарентни, но прикажуваат нешто мошне тешко. Во текстот за изложбата се содржи зборот метафора и тој се однесува на жената која е чувана од мажот на некој начин, но всушност се говори за лицемерието на таквиот гест, бидејќи во суштина нема потреба ние да бидеме чувани од нив. Тоа е на некој начин метафора на жена заробена во замок зад решетки и може да биде метафорички заробена, но може да биде и вистински.
Имавте ли прилика да видите дела од македонски автори? Дали нешто би издвоиле?
За жал немавме време, бидејќи работев на поставката, но се надевам дека ќе имам можност. Во последно време немав прилика да ги видам делата на своите македонски колеги, но сега некако ми се чини и со моето присуство во Скопје и во регионот, со изложбите, повторно почнуваат да се создаваат некои врски и се радувам на средбите со колегите и нивните дела.
Каков впечаток ви остави просторот на галеријата Чифте амам? Дали ве инспирираше можеби за нешто во последен момент?
Всушност, навистина Чифте амам ми послужи како инспирација. Тоа ми беше како битен елемент кога веќе стана збор да бидам поканета да изложувам во Скопје. Имав спремен проект, спремена изложба кога стигна поканата, и овој простор дојде како вистински одговор на мојата подготвеност и дополнително ме инспирираше да дојдам и да работам со овој простор. Мислам дека во самата поставка ни беше мошне важна таа комуникација со просторот, особено поради тоа што овој простор бил амам-простор каде биле сокриени тела, а и чифте-оној двоен машко-женски принцип, што сметам дека уште повеќе придонесува на изложбата.
Фото: Наташа Гелеска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.