Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ вечер од 19 часот ќе одржи концерт во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип. На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело „Арпеџоне“ од Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Шуман и „Медитација“ од Ж. Масне. Утре со почеток во 19 часот дуото ќе одржи концерт и во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Дуото „Екс Македоникум“ е формирано во 2021 година и го сочинуваат Драган Гоневски – виолончело и Димитар Ганчевски – пијано, кои настапија и во Гевгелија, Скопје, Прилеп и Битола. Влезот за концертот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.