Јас морам да напоменам дека имав средба со дел од програмскиот совет на МКЦ и она што е во делокругот на Министерството за култура ние го остваривме, односно го поддржуваме во програмскиот дел, а тоа е МОД, Здраво млади, Меѓународното гостување на женскиот хор и книжевните работилници, истакна на денешната прес конференција министерката Костадиновска Стојчевска одговарајќи на прашање на „Република“.
Со тоа даваме јасна поддршка на делувањето на МКЦ како политика со која ги поддржуваме и младите. Тоа е она што е во дејствување на Министерството за култура и секогаш во однос на што се однесува на програмата на МКЦ секогаш сме отворени доколку тие имаат и некои нови иновативни идеи, да се обраќаат до нас со како што ние би можеле да ги поддржиме.
Нашиот фокус секако се младите, исто како што беше и нашиот фокус при програмата, при криеирање на програмата, примат имаат секогаш младите да творат, да се креативни, а секако дека не беа заборавени ни жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.