Актерката на Македонскиот народен театар (МНТ) Дарија Ризова ја доби наградата за најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина.

Ризова ја доби наградата за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ.

На 9. Фестивал на актерот во Коњиц учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, Македонија и БиХ.

Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.

Претставата ќе се игра во рамките на Скопско лето на 22 јуни на малата сцена во МНТ со почеток во 20:30 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.