По повод 90 години од раѓањето на Јован Котески, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – организира Чествување на Јован Котески,  кое ќе се одржи на 17 март 2022 година во спомен – собата на Миладиновци, со почеток во 12 часот.

За делото на големиот македонски поет беседа ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, а делови од неговата поезија ќе интерпретира актерот Теоман Максут.

 

Јован Котески – поет. Роден е во с. Присовјани, струшко, на 14 јануари 1932 година. Починал на 12 јули 2001 година во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, бил претседател на Советот на СВП,член на  Македонскиот ПЕН центар, член на ДПМ од 1958 година.  На 2 септемри 1985 година, од комунистичкиот режим, е уапсен во својот дом во Скопје и е осуден на петгодишна робја, под обвинение за илегално работење на уривање на Југословенската федерација и создавање  независна македонска држава.

Автор е на 27 книги поезија и добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „Нарциса“ , „Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ и „Браќа Миладиновци“.    

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.