Филмот „Вера сонува за морето” освои две награди на годинашниот Интернационален филмски фестивал и форум за човекови права вo Швајцарија.

Автентичноста на ова дело ја прикажува ситуацијата на семејствово и жената во Косово и на Балканот, што соодветно, беше длабоко убедлива за членовите на жирито. Инспирирани од сопственото искуство на режисерката, храброста и издржливоста на главните ликови, ни даваат надеж за подобар свет за сите оние кои се борат за правда, еднаквост и мир“. Наградата на младинското жири, исто така, беше доделена на “Vera Dreams of the Sea”, филм кој постигнува „величествен баланс помеѓу естетизмот и реализмот“.

Вера сонува за морето ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик,која по самоубиството сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Во филмот главната улога е Вера, играна од актерката Теута Ајдини-Јегени, првенката на Албанскиот театар во Скопје, потоа еден од најпознатите актери од Македонија Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, Сценариото е на Дорутина Баша, Кинематографер е Севдије Кастрати, Монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски, Композитор на филмот е Петрит Чеку, Дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Огнен Антов.

Долгометражниот игран филм „ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО“ е копродукција помеѓу „Дрим Фектори“ , од Македонија (Ко-Продуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (Продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (Ко/Продуцент: Дионис Пападимитри).

Дрим Фектори е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади реќисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. По огромниот успех на фестивалот од А категорија, Интернационалниот филмски фестивал во ВЕНЕЦИЈА, Дрим Фектори со овие награди, е една од најсупешните филмски продукции во Македонија.

Интернационалниот филмски фестивал и форум за човекови права” е еден од водечките меѓународни настани посветени на филмот и човековите права. Во изминатите 20 години, Фестивалот се одржуваше во срцето на Женева, главниот град на човековите права, паралелно со годишната главна сесија на Советот за човекови права на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.