Од Центарот за култура Битола се задоволни од средствата кои оваа година им беа одобрени за поддршка на годишните проекти и инвестиции од Министерството за култура. За сите фестивали и проекти од различни дејности им се одобрени околу 4,3 милиони денари. Според директорката, на ваков начин ќе се реализира квалитетот за кој тие како културна установа се борат.

Дури и во време на пандемија, Центарот за култура работеше на изнаоѓање на протоколи за работа и продолживме скоро со исто темпо во пандемијата. Во ниту еден момент не се откажавме од реализација на културни настани. Во министерството тоа беше препознаено и наградено, така што буџетот за оваа година е многу солиден за Центар за култура Битола, сметам дека со ваков буџет имаме добра основа, изјави Маја Андоновска Илијевски, директор на центар за култура Битола.

Како пример го посочи еден од најстарите фестивали во земјата, Илинденски денови за кој се обезбедени 2,2 милиони денари.

Тој е фестивал и голем и скап, оваа година со ваков буџет може да донесеме и повеќе групи. Тој е фестивал кој ја оживува Битола во лето, вели таа.

Маја Андоновска Илијевски најави дека во текот на оваа година ќе организираат и дополнителни програмски активности финансирани од сопствени средства. Годинава добија и средства за инвестициско одржување, односно замена на дотраен под и негово естетско преуредување на горното фоаје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.