Бојан Станишиќ е новиот в.д. директор на Кинотека на Македонија, потврдуваат од Министерството за култура.

Станишиќ, кој е менаџер во културата, дистрибутер и програмски директор со 15 годишно искуство, на функцијата доаѓа од редот на вработените.

Во Кинотеката на Македонија е од 2017 година, вработен како програмски уредник задолжен за подготовка и реализација на кинотечната филмска програма и организација и супервизија на работата на киносалата и сите придружни активности поврзани со промоција на филмовите и организација на различни филмски настани. Како програмски уредник на Кинотеката на Македонија учествува на повеќе семинари/обуки: “II Cinema Ritrovato Festival” – семинар за развој на филмска публика во Болоња, Италија, 2020 г; Europa Cinemas Audience Development & Innovation Lab” – обука за програмски уредници на “Еuropa Cinemas” во Болоња, Италија; “Transilvania International Film Festival” – семинар за развој на филмска публика во Клуж, Романија, 2021 година.

Станишиќ е назначен за в.д. директор откако Владимир Ангелов од неодамна беше избран за директор на Агенцијата за филм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.