Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин.
Целта на овој автономен и иновативен проект насловен „Боите на вкусот“ е преку мобилизирање на граѓаните од различни културни средини да ги поттикне на негување и афирмирање на традицијата и културата. Нешта кои се помалку или повеќе интересни во зависност од интересот на поединецот. Но нишката што ги поврзува сите, се провлекува во истражување и проверување на евентуалната приказна, што знае да ги обои денот и расположението е оној сегмент кој секој со задоволство го зема здраво за готово – храната, вели Аницин.
Тој вели дека очекувани резултати се побудување размисли кај општеството за изразување, негување и афирмирање на традицијата и културата на заедниците во државата преку поттикнување иновативност и креативност, практикување на уметноста во која било возраст.
Дарко Аницин (1977, Скопје) е академски графичар и графички дизајнер кој своето образование го има стекнато во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, потоа на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје. Својата креативност веќе 25 години најчесто ја изразува преку ангажмани во областа на графичкиот дизајн, по што е и најпрепознатлив пред широката јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.