Синоќа во Битола, во изведба на Камерниот oркестар•••IWConnect прозвучи извонредното дело „Стабат Матер” на Перголези, а повод беше Велигденскиот концерт кој овој оркестар за прв пат го направи во реновираното здание на Офицерскиот дом.
Како солисти настапија сопранистката Билјана Јосифов, контратенорот, инаку гостин од Србија Бојан Булатовиќ, а оркестарот настапи под водство на уметничкиот директор и диригент на овој ансамбл Владимир Димовски.
Кантата на Перголези, која често се изведува на вакви наменски претпразнични концерти низ светот, е само доказ колку талентот на овој извонреден композитор е генијален, а ќе создаваше уште многу ако не завршеше неговиот живот во 26-тата година. Многумина сметаат дека, во само 10 годишниот музички опус создал генијални дела кои се едначат со она што го создавале Моцарт и Бах.
Офицерски дом со својата акустика, синоќа беше само доказ колку таа сала е иделна за вакви камерни концерти на класична музика и колку истиот тој простор недостигаше, со оглед на годините во кои беше тотално запуштен.
На програмата вечерта се најде и концертот за две виолини од Антонио Вивалди, каде солисти беа виолинистите Валентин Наумов и Владимир Цветковски. Фото – Ивана Христова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.