Саем на креативни индустрии – Место за вашите креативни идеи!

Офицерски дом – 23/11 од 11.00 – 19.00 ч.

Станува збор за настан каде што ќе ги претставиме креативните индустрии, на едно место, во еден изложбен простор за да го прикажеме нивниот потенцијал и што се креативноста може да создаде. На саемот ќе изложуваат повеќе претставници од креативните индустрии од Битола и околината и тоа мода, уметност, музика, дизајн, видео игри, филмови, аугментирана реалност, гастрономски производи, уникатни креации, литература и повеќе.

Може да присуствуваат сите заинтересирани групи ученици, а влезот е бесплатен. Фокусот е пред се деца и млади и е од едукативен карактер.

Сметаме дека би било интересно сите деца да го проследат настанот на кој ќе има многу изненадувања за нив и ќе бидат анимирани од самите изложувачи со кусо претставување на производите што се презентираат, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.