Националната опера и балет ја најави изведбата на безвременскиот балет  „Лебедово езеро“ на 25 март 2022, со почеток во 20.00 ч.

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета / Одилија ќе настапи гостинката од Бугарија, примабалерината Марта Петкова, во улогота на принцот Зигфрид ќе настапи Васил Чичиашвили (Грузија), а Ротбарт е Балаж Лашеи (Унгарија), Па де труа: Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ендру Кук (Англија). Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Сценографијата и костимите се на Украинците Андреј Злобин и Гана Ипатиева.

Ода за моќта на љубовта! Балетска класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Задолжително е носење на заштитна маска, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.