Со проекцијата на филмот „Што зборуваме, што правиме“ на режисерот Емануел Муре, вечерва, на 24 март, четврток, во 20 часот во Кинотеката започнува Неделата на франкофонски филм.

В петок во 20 часот ќе се одржи проекција на швајцарскиот филм „Семејство“ на Фредерик Бајиф, додека в сабота во 18 часот ќе се одржи проекција на белгискиот филм „Богородица од Нил“ на Атик Рахими. Веднаш потоа, во 20 часот, е закажана проекција на романскиот документарен филм „Дива Романија“.

Настанот се реализира по повод одбележувањето на Месецот на франкофонијата, а го организира Францускиот институт во Скопје заедно со Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Романија и Кинотека.

Инаку, сите филмови ќе се прикажуваат со превод на македонски јазик, а за романскиот филм е обезбеден само превод на француски јазик, истакнуваат од Францускиот институт во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.