Во рамките на Меѓународниот ден на млади, денес 11 август 2023 година во паркот на Франкофонијата ќе се одржи проекција на филмот „Нешто слатко“. Настанот е од отворен тип и ќе започне во 20:30 часот.

Во склоп на истиот ќе се послужуваат освежителни пијалоци, со цел да се осигура добра и пријатна атмосфера.

Во духот на овогодишената тема „Зелени вештини кај млади лица за одржлива средина“, за проекцијата на филмот ќе се користи струја која ќе се произведува од вртежи на велосипеди, со цел заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштита на животната средина, вели организаторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.