По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии.
Во текот на денов ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам.
Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.
Театарот за деца и младинци, за својата верна публика, на Денот на независноста кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Режијата е на Дарин Петков, а играат Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.