На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 4 и 5 октомври годинава со почеток во 20 ќе гостува Белградско драмско позориште (БДП) со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, работена според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.

„One flew east, one flew west, one flew over cuckoos nest“ е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на БДП во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот.

Главниот лик на Редни П. Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а останатите улоги им се доверени на актерите: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.

Сценографијата за претставата е дело на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, композитор е Александар Симиќ, на сценските борби работеше Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги.

Оваа драма е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога.

Премиерната изведба на претставата на БДП беше на 5 ноември 2005 година. Времетраењето е 140 минути со пауза.

Признат од критиката како еден од најдобрите филмови во историјата на кинематографијата, „Лет над кукавичкото гнездо“ (1975) на Милош Форман го освои Оскарот за најдобра режија и најдобар филм, за главна женска улога која ѝ припадна на Луиз Флечер, и наградата за машка улога на Џек Николсон за главниот лик на Редни П. Мекмарфи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.