Во издание на „Бата прес“ се објави делото „Македонистички, социолингвистички и културолошки проучувања“ од д-р Елена Јованова-Грујовска. Објавувањето на истражувањата е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година.
Главна преокупација во научноистражувачката работа на д-р Елена Јованова-Грујовска се лексичко-семантичките, зборообразувачките и социолингвистичките аспекти на современиот македонски јазик. Со објавувањето на делото, добиваме експертска, лингвистичка анализа на македонската лексика во повеќе жанрови: поезија, проза, драми, детско творештво“, нагласува проф. д-р Весна Костовска, во рецензијата за делото.
Проф. д-р Елена Јованова-Грујовска е родена 1966 година. Нејзиниот научноистражувачкиот опус е изразен во поголем број библиографски позиции. Автор е на делата: „Валоризација на колоквијализмите во македонската јазична средина“, „Лексичко-семантичка анализа на именките со субјективна оценка во македонскиот јазик“ и „Капка по капка – вирче (македонско-албански пословични паралели)“. Коавтор е на дел во првиот, вториот и четвртиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“, коавтор е на делото „Мал речник на туѓи зборови во македонскиот јазик“, како и на делото „Македонско-украински пословици и поговорки“.
Елена Јованова-Грујовска е универзитетски професор и директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.