На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се изведе балетската претстава во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. Станува збор за современа бајка за сите возрасти.
Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ од Србија. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук на Георг Драушник од Хрватска, асистенти-кореографи се Саша Евтимова и Мојца Мајцен од Словенија, а репетитори се Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.
Во главната улога ќе настапи Христина Наќевска, во улогата на Принц ќе настапи Мирослав Митрашиновиќ, Вила Ангел: Саша Евтимова, Маќеа: Марија Јосифовска Ристовска, Сeстри: Ендру Кук од Англија и Кристијан Јангос, Татко: Драган Кочоски , Мала Пепелашка: Гала Кочевска.
Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.