На улицата Скупи бр. 57-67 во Карпош за време на копањето за нова петкатница бил пронајден археолошки локалитет, а веќе се ископани артефакти од 3 и 4 век.
Државниот градежен инспекторат поставил жолта лента кај археолошкиот локалитет, каде што се вршат ископувањата по кои теренот може да се расчисти за изградба на објектите, објави „ТВ21“.
Директорот на Управата за заштита на археолошко наследство, Арјан Асланај, кажал дека додека се прават археолошки ископувања не може да се гради, додека историчарот Музафер Бислими побарал да запре градежните активности доколку се пронајдени повеќе артефакти на просторот.
Како што пишува „ТВ21“, на локалитетот имало повеќе древни артефакти, меѓу кои една била и плоча со натпис „Дарданус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.