Продолжува градежната офанзива низ Гази Баба‼️

Ја асфалтиравме улицата што води кон поликлиниката во Ченто.

При мојата посета ја сретнав тетка Васка која вели: По 60 години конечно некој ја направи оваа улица.

Времето на лажни ветувања е завршено. Денес зборот важи и се исполнува.

Со асфалтирањето на оваа улица обезбедуваме услови за полесен и побезбеден пристап до поликлиниката и за граѓаните но и за јавните служби на Брзата помош.

Во следниот период голем број на улици ќе бидат асфалтирани. Имаме план и програма кои ќе донесат подобри услови за живот на сите граѓани во општина Гази Баба‼️, пишува на својата Фејсбук страница градоначалникот н општина Гази Баба Бобан Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.