МОТ, еден од најстарите театарски фестивали во регионот со меѓународна програма, ќе се одржи од 10 до 19 ноември, со 23 продукции односно 25 програмски активности.

Моќта на театарот и театарот на моќта, по 47-ми пат ќе пркоси и ќе ‘нервира’ со своето присуство и живост. Во годината на јубилејот ’50 години МКЦ’ – Млад отворен театар направи програма со која ќе биде домаќин на театри од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и Македонија, со најмал буџет во последните 20 години. Оваа година средствата за реализација на фестивалот ни се намалени за 60%, но нашата одговорност кон безмалку половина век фестивалска историја нè предизвика да направиме уште еден програмски одличен фестивал.“ – вели за Студио 10, Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.