Музичарот и фронтмен на рок-групата „Архангел“ Ристо Вртев е автор на рокенрол мјузиклот „Архангелот над Скопје“ кој премиерно ќе биде прикажан на 24 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот.

Наташа Поплавска е режисерка и дизајн на мјузиклот, а музиката, лириката и текстот се на Вртев.

„Архангелот над Скопје“ е рокенрол мјузикл направен на музиката на нашиот најголем рок бенд „Архангел“, создадена од музичарот и лиричар Вртев.

Приказната зборува за животот на градот Скопје во периодот на неговото созревање од деведесетите години на минатиот век па се до денес. Урбаниот скопски живот ќе се прикаже преку животот на транзиционите деца кои сакаат да направат промена во културно општествениот живот наспроти баналната стварност која ги фрла на маргините на општеството.

Претставата е подржана од Министерството за култура, а е направена во соработка со Македонскиот Народен Театар и Театар Комедија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.