Амбасадата на САД во Скопје синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон.
Агуста Филбин, Американската аташе за култура во Македонија, кажа дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на културните врски како и успешна промоција на американската култура во Република Македонија.
Поповиќ изразувајќи благодарност до Американската амбасада и амбасадорката Анџела Прајс Агелер, рече дека ваквите награди имаат значаен придонес во развојот на високите културни вредности по кое е препознатлив фестивалот „Охридско лето“.
Изразувам огромна благодарност на Културното аташе на Американската амбасада, на американската амбасадорка Анџела Агелер за ова високо признание кое го споделувам со мојот тим, со моите колеги со кои заедно реализираме уште едно успешно фестивалско издание, рече Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.