АЛКАРАЗ (Alcarràs) на шпанската авторка Карла Симон (Carla Simón), која ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златната мечка“, како и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои 50-тина номинации за награди, е приказна за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкарас од регионот на Каталонија, во Шпанија.
СЕЧИ! (Coupez! / Final Cut) на Мишел Хaзанавициус (Michel Hazanavicius) е одлична вест за фановите на овој необичен автор, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Овој пат ни подготви хорор-комедија во која работите тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија.
7 МАРТ (ВТОРНИК), 17:00 ч.
БЕЛАСИЦА
(Belles)
Документарен филм, Македонија
2022, 40 мин., колор, ХД
Режија: Марија Апчевска (Marija Apcevska)
Сценарио: Марија Апчевска (Marija Apcevska)
Марица е родена во Специјалниот завод во Демир Капија, од родители кои се запознале и живееле таму. Во Демир Капија живеела 28 години, а мајка ѝ до ден денес живее во заводот.
Марица ја напушти оваа институција во 2008 година, како една од првите жителки што беа деинституционализирани. Сега живее во Волково, заедно со уште 43 лица со различни попречености, сместени во 5 куќи со 9 станбени единици, со кои управува организацијата Порака Неготино. Низ годините живеење во заедница, таа научи да чита и да пишува, и сега работи како негувателка на лица со интелектуална попреченост. Во 2018 година, во Македонија беше усвоена Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“. Во 2022 година нема повеќе деца во институциите, а процесот на преселување на преостанатите возрасни лица е во тек.
Филмот БЕЛАСИЦА го доловува богатството на секојдневието во заедница, за луѓето кои најголемиот дел од својот живот го поминале во институции. Ја открива моќта на заедницата да обезбеди сите да имаат еднакво право на едноставните работи кои нудат можност за среќа – куќа, дрво и планина.
Филмот е продукција на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од ЕУ.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари
7 МАРТ (ВТОРНИК), 19:00 Ч.
АЛКАРАЗ
(Alcarràs)
Игран филм, Шпанија / Италија
2022, 120 мин., колор, ДЦП
Режија: Карла Симон (Carla Simón)
Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró)
Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)
Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкараз, во регионот Каталонија.
Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот…
Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар.
АЛКАРАЗ ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
7 МАРТ (ВТОРНИК), 21:00 ч.
СЕЧИ!
(Coupez! / Final Cut)
Игран филм, Франција / Јапонија / САД / В. Британија
2023, 112 мин., колор, ДЦП
Режија: Мишел Азанависиус (Michel Hazanavicius)
Сценарио: Мишел Азанависиус, Шиничиро Уеда, Рајоичи Вада (Michel Hazanavicius, Shin’ichirô Ueda, Ryoichi Wada)
Улоги: Ромен Дури, Беренис Бежо, Грегори Гадебоа, Финеган Олдфилд (Romain Duris, Bérénice Bejo, Grégory Gadebois, Finnegan Oldfield)
Работите во оваа хорор-комедија тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија. Филмот е адаптација на култната јапонска зомби комедијата „One Cut of The Dead“ од Шиничиро Уеда…
СЕЧИ! е новиот филм на Азанависиус, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Со него освои повеќе од 50 награди на светските филмски фестивали.
СЕЧИ! беше номиниран за две награди на француската кинематографија „Цезар“.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.