Почитувани посетители, поради големиот интерес за новоотворената изложба на дела од уметникот Петар Лубарда на 11-ти, 18-ти и 25-ти март од 13 до 14 часот, МСУ – Скопје ќе организира музејски тури со нашиот кустос – водич, Бојана Јанева, информираат од МСУ.

Сите кои сакаат одблиску да го запознаат ликот и делото на Лубарда ги покануваме на овие датуми да повелат во МСУ.

Наедно, во рамки на овие саботни тури, Јанева ќе ви ја доближи и изложбата „Пејзаж на вознемиреност“, која ќе биде отворена на 9 март, во 20 часот, во МСУ – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.