„Струшки вечери на поезијата“ ѝ донираше на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ шеесеттина наслови од нивната богата издавачка продукција, кои сега се достапни и за читателите на Градската библиотека, информираат оттаму.
Изданијата добија посебна полица во Одделот за странска литература (популарниот Британски оддел) и ќе можат да се користат само во просториите на Библиотеката
Снежана Стојчевска, директорката на ГБСК и Тодорче Тасевски директорот на СВП, разговараа и за понатамошното збогатување на збирката, како и за идни соработки меѓу двете институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.