Актери од девет држави ќе се натпреваруваат на 25. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој од 25 до 31 мај ќе се одржува во Битола. На свеченото отворање ќе се одржи манифестацијата „Глумците пеат“, а натпреварот за награди в недела  ќе го отвори актерката Марија Меденица од Нови Сад со монодрамата „Без откажаување“.

Од НУ Центар за култура, домаќин и организатор на фестивалот најавија дека на сцените во Битола ќе настапат Севар Иванов од Бугарија, Здравко Стојмиров и Иван Ангелов од Македонија, Седа Елхан од Турција, Деспина Сарафеиду од Грција, Арам Хованисјан од Ерменија, Јулија Кудрјашова од Казахстан, Теа Шимиќ од Хрватска и Абдула Маасуд од Обединетите Арапски Емирати-ОАР.

„Таму каде што сенките се среќаваат со рефлекторите, слободата ја пронаоѓа својата сцена“ е моното на овогодинешниот Интернационален фестивал на монодрама кој по 25 пат се одржува во Битола.

Фестивал на кој секоја тишина зборува многу и ја слави моќта на соло изразувањето..

Во прилог е програмата на фестивалот

25-05-2024 сабота

20.00 – Свечено отворање на Фестивалот

Голема Сала на НУ Центар за култура Битола

Продукција Артивити Скопје

ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ

Режисер: Дејан Пројковски

Диригент: Љупчо Мирковски

Аранжмани: Бобан Мирковски

26-05-2024 недела

Мала сала

18ч. Промоција на Монографијата

25 години Интернационален фестивал на монодрама,Битола

и Книга на монодрами ,наградени текстови по распишан конкурс

20.00 Голема Сцена на НУ Центар за култура

Самостојна продукција и Сојуз на уметници Војводина

Нови Сад,Србија

„БЕЗ ОТКАЖУВАЊЕ“

авторски проект и актер: Марија Меденица

21.30 Нова Сцена

Продукција Здравко Стојмиров и НТБ Битола

„ФЕТИШИСТ“

по Мишел Турние

режија и актер: Здравко Стојмиров

27-05-2024,понеделник

20.00 Нова Сцена

Спам Студио,Софија-Бугарија

„КУЧЕНЦЕТО СЕ НАСМЕА“

по романот „Прашај ја прашината“ од од Џон Фанте

режија: Ана Батева

актер: Севар Иванов

21.30 Голема Сцена на НУ Центар за култура

Театар Painted Bird, Истанбул, Турција

„КУЌАТА НА НОРА “

од Хенрик Ибзен

режија: Јешим Кочак и Јале Карабекир

актер: Седа Елхан

28-05-2024,вторник

20.00 Нова Сцена

Театар 1+1=1 Театарска Компанија, Атина Грција

„МЕДЕЈА-Црвена Празнина

по мотиви од Еврипид

драматизација и режија: Софија Дионисопулу

актер: Деспина Сарафеиду

21,30 Сцена на Голема Сала

ОХО Продукција,Скопје Македонија

Продуцент: Пеце Талески

„СИТЕ НАЈУБАВИ РАБОТИ“

според мотиви од Данкан Мекмилан

режија: Дејан Пројковски

актер: Иван Ангелов

29-05-2024,среда

20.00 Нова Сцена

Културен Центар ,Јереван ,Ерменија

„ДОН КИХОТ“

од Мигуел де Сервантес

ежисер: Маријана Фринијан

актер: Арам Хованисјан

21,30ч. Голема Сцена на Центар за култура

Руски Драмски Театар ,Костанај , Казахстан

„КОЈ ГО ЗНАЕ ЕДНИОТ“

по мотиви од Бригит Швајгер

режија: Дина Зумбаева

актер: Јулија Кудрјашова

30-05-2024,четврток

20ч Нова Сцена

Театарска Дружина ЕМА ,Загреб, Хрватска

„БУКАЧА“

по романот од Мартина Млинаревиќ

режисер и актер: Теа Шимиќ

21.30ч. Голема сала на Центар за култура

Фуџарах, ОАЕ

СВЕЌАТА

писател и режисер Ахмед Абдулах Рашид

актер Абдула Маасуд

31-05-2024, петок

19.00 Сала на НУ Народен Театар,Битола

Свечено затворање и доделување на наградите

претстава во чест на наградените

Драмски Театар, Скопје

„ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“

Автор: Сајмон Стивенс

Драматург: Александра Бошковска

Режија: Зоја Бузалкова



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.