Во просториите на општинската библиотека „Искра“ во Кочани денеска е отворен 16. Саем на книгата, како дел од активностите за одбележување на Месецот на книгата.

Манифестацијата ќе трае една недела, а пред читателската публика се претставуваат 17 домашни издавачки куќи со над две илјади нови наслови од македонски и странски автори.

По намалениот број излагачи и посетители на саемите во изминатите две години, што беше предизвикано од пандемијата на коронавирусот, за оваа манифестација имаме огромен интерес и од издавачите и од читателите. Со 15 издавачки куќи имаме повеќегодишна соработка и тие се наши редовни гости, а годинава учествуваат и двајца нови издавачи. Задоволни сме што можеме да ја исполниме нашата цел, да ја популаризираме книгата меѓу нашите сограѓани, особено меѓу младите. Заинтересираните љубители на пишаниот збор ќе можат Саемот да го посетат секој ден до 12 ноември, во периодот од 10 до 18 часот, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на библиотеката „Искра“.

Библиотеката „Искра“ со комплети книги ги награди најдобрите творби на учениците од основните и средните училишта во Кочани, со кои тие учествуваа на литературниот конкурс „Нејзиното височество – книгата“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.