И покрај опструкциите од централната власт со која се соочува нашиот градоначалник во општина Зрновци, продолжуваат да се реализираат проектите. Со Платформата 1198 за општините предвидуваме 250 милиони евра од кои 1 милион ќе се слеат директно во општината Зрновци за нов зелен пазар, за изградба на брана на Морошка река. И секако изградба на резервоарот кај Видовиште – порача денеска од Зрновце Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

Тој најави дека, после, како што рече, промената на власта, следува инвестициски бум во општините.

Затоа ве повикувам сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројот 2 за промени и реформи во Република Македонија – рече Ковачки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.