Јелена Карлеуша вели дека сопругот Душко Тошиќ повторно ја разочарал на Божиќ.
Минатата година на тој празник пејачката го пријавила фудбалерот за семејно насилство, но и покрај тоа продолжиле да живеат под ист покрив.

Ова му пречеше на Душко па иронично, повторно на Божиќ преку адвокатот изјави дека Јелена „не ги почитува договорите додека траат преговорите за развод“.

– Точно е дека изјавив дека животот на мојот сопруг нема смисла без мене. Тоа е мојот цврст став. Никогаш не реков дека нема да му дадам развод на мојот сопруг. Мојот сопруг може слободно да поднесе барање за развод во секое време. Тоа барем досега го нема направено и никој не го спречува во тоа. Барем јас. Јас и Душко живееме заедно со децата во иста куќа – напишала Карлеуша.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.