Високите сметки за електрична енергија натераа сопственик на кафуле во Загреб да се одлучи на нетипичен чекор – на гостите да им наплаќа дополнително доколку сакаат да седат на терасата, а да бидат уклучени греалки.

Ако сакате да пиете кафе и да ви биде топло, за таа услуга ќе треба да платите 14 куни (околу 115 денари), додека само топол пијалок ќе ве чини 12 куни (околу 100 денари).

Мислам дека греалките надвор се луксуз, во зима. Имаме доволно внатрешен простор, ако некој навистина сака да биде надвор на ладен воздух, ќе ги вклучиме греалките, но едноставно тој дел од трошокот треба да го префрлиме на крајниот корисник, објаснува за РТЛ сопственикот на кафулето „Окулто“, Иван Орешковиќ.

На овој потег се одлучил, вели, поради сметките за струја кои му пораснале за 200 отсто.

Во просек гостите седат по 30 минути. Секој грејач троши приближно два киловати на час, што е 3,2 куни. Досега таа цена ја преземавме на себе.За тоа плаќавме по една куна. Таа разлика ја префрливме на гостите, а главниот дел од трошокот го задржуваме на себе, додава тој.

Сепак, не сите сопственици на локали се согласуваат со одлуката на Орешковиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.