Италијанскиот антимонополски регулатор отвори истрага против авиокомпанијата „Рајанер“ за можна злоупотреба на доминантната позиција, која нанела „сериозна и непоправлива“ штета на туристичките агенции, другите превозници и патниците, објавија италијанските медиуми.

Според неофицијални извештаи, нискобуџетната авиокомпанија во неколку наврати ги блокирала физичките и онлајн тур-операторите да пристапат до понуди и попусти на нејзината веб-страница, откри регулаторот.

„Рајанер“, кој стана најголемиот италијански превозник, има рок од 8 дена да ги изнесе своите контрааргументи и да побара сослушување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.